• петок, 05 декември 2025

 Во Битола отворена изложба на хрватски накит од општина Сесвете

 Во Битола отворена изложба на хрватски накит од општина Сесвете

Битола, 28 јули 2025 (МИА) - Центарот за култура од општина Сесвете во градот Загреб, во Битола промовира изложба на хрватски накит со акцент на стаклени мониста.

Во изјава за МИА, Вјекослава Дамјановиќ, директорка на Центар за култура-Сесвете истакна дека изложбата содржи хрватски рачно изработен накит од сите краишта на Хрватска.

-Изработуваме етно накит од сите краишта на Хрватска, но и етно накит кој го изработиле хрватски кои живеат во странство. Ние изработуваме накит од стаклено зрно и нижиме мониста. На нашите работилници учествуваа само жени особено кога се работи за мониста, додека на работилниците за текстил и ткаенини учествуваат и мажи. Материјалите за изработка на накит набавуваме и од Чешка и на тој начин ја следиме традицијата на нашите претходнички кои пред многу години набавувале материјал токму од Чешка. Изработуваме се, бројаници, бисери и друг накит, истакна Дамјановиќ.

Изложбата е во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ и на покана на македонско-хрватското друштво „Марко Марулиќ“ од Битола.

-За нас посебно задоволство е што учествуваме на голем фестивал каков што е фестивалот „Илинденски денови“. Задоволни сме што нашата оригинална работа е препозната и што имаме можност да го презентираме нашето културно наследство. Нашата изложба била презентирана во Виена, Брисел и други европски градови, а овој пат за прв пат во Битола, посочи Дамјановиќ.

Изложбата во Битола е поддржана од Централната државна канцеларија за Хрватите надвор од Република Хрватска. мт/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан