• четврток, 18 јули 2024

 Вечер на кинески филм на ФДУ

 Вечер на кинески филм на ФДУ

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - На Факултетот за драмски уметности во Скопје вечерва, со почеток во 20 часот, ќе се одржи Вечер на кинески филм. Настанот е организиран од ФДУ и Амбасадата на НР Кина.

По овој повод, во просториите на академската сцена на ФДУ ќе биде прикажан филмот „Убав поглед“.

Пред проекцијата свое кусо обраќање ќе имаат деканот на ФДУ и НЕ амбасадорот на НР Кина.

- По завршетокот на проекцијата ќе следи коктел со традиционална кинеска храна, информираат од ФДУ. ир/цр

 

Фото: ФДУ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан