• петок, 26 април 2024

 Битиќи: Формирање мешовита комисија за интеркултурализам со Црна Гора за унапредување на односите помеѓу двете држави 

 Битиќи: Формирање мешовита комисија за интеркултурализам со Црна Гора за унапредување на односите помеѓу двете држави 

Скопје, 11 април 2024 (МИА) - Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и националниот координатор за интеркултурализам Роберт Алаѓозовски денеска на средба со в.д. генералната директорка на Директорат за интеркултурализам при Министерство за човекови и малцински права на Црна Гора, Људмила Мила Поповиќ, разговарале за формирање заедничка владина комисија за интеркултурализам и општествена кохезија  со цел дополнително унапредување на одличните политички односи помеѓу двете држави, информира владината прес-служба.

Како што информираат, се разговарало за значењето на  вредностите и принципите на интеркултурализмот и за потребата од нивно ширење помеѓу и во земјите од Балканот, при што заеднички било оценето дека тие може да дадат позитивен допринес за зајакнување на безбедноста, соработката и општествената кохезија.

-Вицепремиерот Битиќи ги посочи позитивните македонски искуства, како држава која прва има донесено и реализирано национална стратегија, за периодот 2020-2022, а во февруари 2024 донесе и нова, со втор тригодишен циклус, стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија со која се промовира нашиот оригинален концепт за едно општество за сите врз принципите на интеркултурниот дијалог. Битиќи оцени дека формирањето на мешовитата комисија за интеркултурализам би била клучна за размена на искуства и значително ќе придонесе за квалитетот и интензивирањето на билатералната соработка меѓу двете држави и ќе ја промовира идејата за единство во различностите и унапредувањето на човековите права, зајакнување на општествената кохезија преку која можат да се надминат специфичните, но и глобалните предизвици, наведува во соопштение владината прес-служба.лв/цр

Фото: Влада на РСМ

 

 

Остани поврзан