• среда, 25 декември 2024

Основачот и портпарол на шпански Вокс ја напушти партијата, но остана во Собранието

Основачот и портпарол на шпански Вокс ја напушти партијата, но остана во Собранието

Мадрид, 9 август 2023 (МИА) - Еден од основачите и портпарол на шпанската десничарска партија Вокс, Иван Еспиноза де лос Монтерос, ја напушти партијата и најави дека нема да го напушти своето место во Парламентот, објави денеска Гардијан.

Британскиот весник наведува дека неговата оставка од членството во Вокс е „последица на внатрешните конфликти во партијата, каде што спротивставени страни се оние за кои се вели дека бараат инспирација во конзервативните и авторитарни влади како онаа на унгарскиот премиер Виктор Орбан и десничарската партија Право и правда во Полска и оние предводени од Де Лос Монтерос, кој повеќе се обидува да ги имитира британските конзервативци и политичари како Маргарет Тачер и Роналд Реган“.

Конфликтот во партијата настана по лошиот резултат на општите избори минатиот месец, кога загуби речиси половина од местата што ги освои во 2019 година.

„Верувам дека тоа е повеќе внатрешна борба за моќ отколку што било поврзано со идеологијата, бидејќи има малку идеолошка разлика меѓу нив“, изјави политикологот Пабло Сајмон.

Тој додаде дека „конфликтот настанал поради фрустрација што, и покрај тоа што освоил речиси ист процент од гласовите како и левичарската партија Сумар (Обединети), Вокс нема шанси да биде во владата, додека Сумар има“. паг/

Фото: ЕПА



Остани поврзан