• среда, 27 ноември 2024

„Strauss Concert“ на „Скопско лето“

„Strauss Concert“ на „Скопско лето“

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) - Во рамки на „Скопско лето“ вечер во Даут пашин амам ќе се одржи концертот „Strauss Concert“ на Марија Наумовска - сопран и Андреја Наунов - пијано. 

 Андреја Наунов е роден во Кочани. Дипломира на Фаĸултетот за музичĸа уметност - Сĸопје на одделот пијано во ĸласата на доцент - проф. Симон Трпчесĸи, во чија ĸласа е и на постипломсĸи студии, а додека студира е дел од турнејата со неговиот професор Симон Трпчесĸи низ Маĸедонија. Поĸрај пијанистичĸата ĸариера, се реализира и во воĸалните ансамбли како „Воĸали”, „Хераĸлеа” на Дубровачĸите летни игри, Охридсĸо лето, Вино фестивал-Нови Сад и други. Каĸо ĸорепетитор тој има преку 250 настапи со различни ансамбли и солисти во нашата држава и во странство (Швајцарија, Австрија, Србија, Бугарија, Германија, Унгарија, Романија, Словенија, Русија, САД). Вработен е во Националната опера и балет, ĸаĸо хорсĸи пејач (2002-2005), а од 2005г. работи ĸаĸо пијанист-ĸорепетитор, соработувајќи со
голем број на диригенти, солисти, домашни и странски режисери. Од 2009г. работи и ĸаĸо надворешен соработниĸ на Фаĸултетот за музичка уметност во Скопје. Во својот репертоар го има целоĸупниот репертоар на Националната опера и балет, ĸој брои повеќе оĸолу 50 оперсĸи наслови.

Марија Наумовска Бакревски (сопран) е родена 1986г. во Битола. Со музика започнува да се занимава на 8 години. Завршува нижо музичко училиште во Битола отсек-пијано во класата на проф. Људмила Божиновска, а потоа го продолжува средното музичко образование отсек-соло пеење во класата на проф. Пеце Митревски и проф. Магдалена Наумоска. Продолжува на ФМУ во Скопје, во класата на проф. м-р. Славица Галиќ-Петровска со позасилено работно темпо за
постигнување на подобар успех. Дипломира на ФМУ во Скопје со фантастичен дипломски испит со cum laude. Завршува магистерски студии во 2012г. на ФМУ во класата на истата професорка. Неодамна има работено со италјанскиот сопран Инва Мула, Валентина Бои како и проф. и педагог Михајло Арсенски-Германија и познатата оперска дива Ермонела Јахо. Работи и како професор по соло пеење во Државното музичко училиште – Битола. Моментално е вработена во Националната опера и балет. мч/

фото: Дирекција за култура и уметност - Скопје

Остани поврзан