• четврток, 26 декември 2024

Oсмани и Селаковиќ на локацијата на ГП Лојане – Миратовац

Oсмани и Селаковиќ на локацијата на ГП Лојане – Миратовац

Скопје, 25 февруари 2022 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Србија, Бујар Османи и Никола Селаковиќ, во рамките на денешните активности остварија посета на локацијата каде што е предвидено да се постави нов заедничкиот граничен премин меѓу двете земји Лојане Миратовац.

Како што соопшти МНР, овој проект кој има значајни придобивки за граѓаните од овој регион кој ќе го олесни движењето, комуникацијата и регионалниот развој на овој дел од двете страни на границата.

Граничниот премин ќе го скрати патувањето на жителите од околните места кои и покрај територијалната близина, актуелно се принудени да патуваат десетици километри до постоечките гранични премини за да стигнат до своите роднини од другата страна на границата.

Договорот за граничниот премин Лојане Миратовац беше потпишан во декември 2019 година, а претстои усогласување на Протоколот за начинот на спроведување на граничните контроли на заедничкиот граничен премин, за што потоа ќе се превземат и кокретни активности за отворање на овој граничен премин.

Двајцата министри изразија подготвеност за интензивирање на активностите со цел што побрза реализација на овој значаен проект кој исто така го одразува духот на иницијативата Отворен Балкан за олеснета комуникација на народите, стои во соопштението на МНР. нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан