• четврток, 26 декември 2024

Oпштина Велес го прошири капацитетот на паркирање во градот

Oпштина Велес го прошири капацитетот на паркирање во градот
Велес, 8 јуни 2020 (МИА) - Општина Велес го прошири капацитетот на паркирање возила на повеќе улици во градот. На улицата „11 Октомври” - на просторот пред „Кам” маркет и „Симпо” во Нова населба, каде што и до сега можеа да се паркираат возила, предвидено е улично паркирање за околу 90 возила. На овие улици општината веќе ja отстрани постоечката, и постави нова соодветна вертикална сигнализација и сообраќајна опрема, а ја обележа и хоризонталната. На улиците „Др. Христо Татарчев” и „Никола Карев” - во близина на училиштето „Васил Главинов” со новиот еднонасочен режим на одвивање на сообраќајот предвидено е улично паркирање за околу 30 возила и вонулично паркирање за околу 20 возила пред училиштето. На просторот меѓу „Мало мовче” и мостот „Гемиџии” во тек е изградбата на привремен паркинг, што ќе обезбеди дополнителни 55 нови паркинг места на површина од 1500 м2. Изведувач на градежните зафати е фирмата „Изгрев Инженеринг”, а од општинскиот буџет се издвоени околу 350 илјади денари. Од Општината најавуваат дека парцелата на која се наоѓа зградата на поранешниот АТД „Диспанзерот“ наскоро ќе биде адаптирана за привремен паркинг простор. Со тоа граѓаните на Велес на површина од 1850 метри квадратни ќе добијат нов простор за паркирање за околу 70 возила.ад/бт/

Остани поврзан