• вторник, 24 декември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
26 декември 2020  Вевчани во светоста на Климентовиот ореол  Вевчани се наоѓа во подножјето на планината Јабланица на 14 километри северозападно од Струга и Охридското Езеро. Траги за неговото постоење среќаваме уште во времето на антиката (втори век п.н.е.), а во пошироката околина дури од порано, за што ни сведочи локалитетот Вајтос, (4-3 век п.н.е.) Погодните услови за живот на овој простор (води, шума, пасишта) овозможиле истиот да биде континуирано населен. Според некои автори, Вевчани е чисто словенска населба, населена од припадници на словенското племе Берзити (Брсјаци) и тоа кон крајот на 6 век или почетокот на 7 век. Но според археолошките наоди, како и трагите во топонимијата и лексиката, може да се говори за активен простор и пред тоа. Па така населбата која уште тогаш постоела, не можела да нема допир со можната мисија на светиот апостол Павле во Лихнидската област како и со мисијата на свети Еразмо Антиохиски во 3 век од н. е. За тоа најдобро ни говори традицијата и култот кон светците, особено за свети Еразмо, кој е насликан во венецот на словенските седмочисленици во повеќе цркви на овој крај, а во црквата Свети Никола (19 век) во Вевчани свети Еразмо го зазема местото на Ангеларија. Вевчани во времето на свети Климент Охридски (835-916) и припаѓало на областа Кутмичевица. заради тоа имало можност силно да ги почувствува влијанијата и духот на христијанството. Имено токму на овие простори (Охрид, Девол и Главеница со нивните околии) свети Климент учителствувал седум години (отприлика од 886-893) и успеал да описмени околу 3.500 луѓе, свештеници и учители и да го воведе во богослужба словенскиот јазик. Но пред да се осврнеме на неговата просветителска дејност, да споменеме нешто и за самата област каде што тој делувал, односно за Кутмичевица. Во поглед на прашањето каде се наоѓала таа, во науката се искажани различни мислења. Со прилична веројатност се тврди дека таа била издвоена од некоја поголема област што била наречена Котокија. Во славистичката и историската наука не е решено прашањето за тие два назива. Исто така во денешната топонимија на Балканот не се познати овие две имиња. Имињата на градовите Охрид, Девол и Главеница кои се споменуваат како населби во Кутмичевица можат прилично да ги оцртаат крајните гранични пунктови на Кутмичевица. Секако се работи за област што се наоѓала на денешното тромеѓе меѓу Македонија, Албанија и Грција. А во рамките на таа област се наоѓало и селото Вевчани. Според пишувањето на охридскиот архиепископ Теофилакт кој живеел двесте години по Климента кнезот Борис (Михаил) му подарил три дворци во Девол и места за одмор околу Охрид и Главеница, а според преводот на Партенија Зографски дословно се вели: „ И Михаил му даде в дар трите свои дворци – палати што беа во Диоклеа и неколку села околу Охрид и Главеница.“ Ова е битно да се знае заради неговото делување и на просторот за кој станува збор. А важно е и заради тоа дека за неговата просветителска дејност му биле создадени поволни услови од страна на кнезот. Веројатно со негово одбрение и помош, Климент уште пред да дојде за епископ Велички го изградил својот манастир во Охрид, кој го посветил на свети Пантелејмон. Но кога сме веќе кај тој манастир треба да се спомене дека истиот бил издржуван од приходите што му ги доставувале главно во натура следните струшки села: Вевчани, Враништа, Долна Белица, Кулин Чифлик, Ложани, Мислешево, Мороишта, Орман, а исто така и од планината Белица и од рибното ловиште (далјанот) во градот. Тие биле обврзани на тоа врз основа на царска грамота од Борис и Симеон од тоа време која се наоѓа во Калимановата грамота, документ од 16 век. За дејноста на свети Климента како учител може да се каже дека тој е неуморен сејач на младата словенска писменот, просвета и култура воопшто. Тој патувал насекаде и создавал помали и поголеми ученички групи. Такви групи несомнено имало и во Струга и во Струшко... тој лично им помагал да создаваат ќелијни училишта при црквите и манастирите во таа област. Според книгата „Светилиштата во Вевчани“ од Анастас Ќушковски, Струга 2002. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан