• сабота, 23 ноември 2024

Moжни траги од вода на Марс

Moжни траги од вода на Марс

Пекинг, 27 септември 2022 (МИА) - Тим кинески научници пронашле можни траги од вода на Марс, се наведува во напис на научното списание „Нејчр“ (Nature).

Нивните наоди се засноваат на податоците собрани од првата кинеска мисија на Марс, Тијанвен-1, за време на којашто, ровер слета на површината на Црвената Планета. Роверот, наречен „Жужонг“, е опремен со радар што може да скенира подземни материјали - прв таков во светот. Тој минал 1.171 метар во првите 113 дена на Марс. Радарот може да скенира длабочина до 80 метри. Иако не нашол директен доказ за вода, тој открил слоеви земја, очигледно обликувани од водена активност, што датираат од пред околу 3,5 до 3,2 милијарди години. Според испитувањата, можеби се работи и за поголеми поплави, што се случиле тогаш. Според научниците, сѐ уште е прерано и за да се исклучи постоењето на мешавината од мраз и сол на Марс. си/ми/

Остани поврзан