• сабота, 27 јули 2024

Mлади од Крива Паланка во подготовки за финалното претставување во музичкото шоу „Ритамот на Европа" 

Mлади од Крива Паланка во подготовки за финалното претставување во музичкото шоу „Ритамот на Европа

Крива Паланка, 16 декември 2023 (МИА) - Во рамки на програмските активности за поддршка на млади таленти, Општина Крива Паланка ги поддржа подготовките на четворицата млади пласирани финалисти во шоуто „Ритамот на Европа", најголемо детско музичко натпреварување во Европа со 12-годишна традиција.

- Општина Крива Паланка ги поддржа подготовките, учеството на претстојниот камп во Струмица од 22 до 24 декември каде ќе се заокружат припремите за телевизиски настап, и учеството на регионалниот ТВ настан на кој нашите Невена, Иван,Филип и Ева ќе се натпреваруваат и ќе ја претставуваат општината и државата во конкуренција на млади од Црна Гора, БиХ и Србија. Младите се во фокусот на нашата работа, секогаш сме со подадена рака и поддршка за нив, тие се гордост на општината и им посакуваме среќа во претстојното шоу, информира Службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Во „Европската куќа“ во Крива Паланка се одржаа завршните подготовки на четворицата млади музички таленти пред кампот што следи.

Посочија дека процесот на подготовка на децата за директен телевизиски пренос трае девет месеци, кој опфаќа обуки со телевизиски тимови и подготовка за директен ТВ пренос.

„Ритамот на Европа" е најголемо детско музичко натпреварување кое обединува деца од 14 до 21 година кои ги претставуваат своите градови и држави пеејќи на јазикот на една од земјите од Европа.ид/фф/

Фото: Европска куќа Крива Паланка 

Остани поврзан