
19 јуни 2024
Ханој - Рускиот претседател Владимир Путин во посета на Виетнам.
Отава - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе се обрати пред канадската асоцијација на НАТО.
Женева - Презентација на извештајот за истрагата за нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и израелскиот одговор.
Брисел - Европската комисија ќе објави препораки за буџетите на земјите-членки.
Осло - Состанок на премиерите на Норвешка и Шведска, Јонас Гар Сторе и Улф Кристерсон и претседателот на Финска, Александар Стуб, за цивилна и воена соработка.
Њујорк - Седница на Советот за безбедност на ОН за Либија.