• вторник, 24 декември 2024

Mакедонците во Србија во понеделник го одбележуваат Денот на независноста на Македонија

Mакедонците во Србија во понеделник го одбележуваат Денот на независноста на Македонија

Белград, 8 септември 2024 (МИА) - Денот на независноста на Македонија 8 Септември Македонците во Србија го одбележуваат утре со прием во македонската амбасада и со „Денови на македонската култура“ во Ниш, јави дописникот на МИА од Белград.

Преставници на македонските здруженија од цела Србија и истакнати Македонци утре со прием на амбасадорот Никола Тупанчески во амбасадата на Р.Северна Македонија во Белград ќе го одбележат Денот на незавсноста 8 Септеври.

Во Ниш од утре Здружението на граѓани на македонското национално малцинство од Нишавскиот округ „Вардар“ Ниш, а по повод одбележувањето на „8 Септември - Денот на независноста“ ќе ја започне манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Галеријата на Центарот за култура со изложба на авторката Мирјана Крстева Масети од Ѓевѓелија.

Наредните денови во рамки на манифестацијата ќе се одржи концерт на изворни македонски народни песни на оркестарот на Општинското основно музичко-балетско училиште „Лазо Мицев - Рале“ од Кавадарци, книжевна вечер со поетот Игор Трпчески од Прилеп и љубовната монодрама „Лидија“ во Нишкиот куклен театар, како и Македонска филмска вечер во Центарот за култура во Ниш. об/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан