• петок, 26 јули 2024

Jутјуберот Логан Пол ги моли следачите да му ги купат креветите од 90.000 долари

Jутјуберот Логан Пол ги моли следачите да му ги купат креветите од 90.000 долари
Лос Анџелес, 2 април 2020 (МИА) - Популарниот јутјубер Логан Пол им соопшти на своите обожаватели дека се кае „само за две нешта“ во животот... Неговите два Мерцедес-Бенц кревета кои ги купил за 90.000 долари, што сега го оценува како многу глупав потег. Пол сега гарнитурата ја продава за 20.000 долари. Притоа тој покажа и дел од Инстаграм-разговор, каде што тој практично го моли соговорникот да ги купи креветите... „Зошто даде 90.000 долари за кревет, Логан?“, прашува соговорникот, на што Јутјуб-ѕвездата одговара: „Зашто сум идиот... И зашто знам што сакам од тебе.“ - „ЛОЛ („Се смеам на глас“), што сакаш, Логан?“ - „Да ги купиш креветиве“. си/сд/

Остани поврзан