Израелската армија извршила напади врз капацитети за хемиско оружје во Иран
- Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во текот на изминатиот ден извршиле напад врз објект во Иран, во кој наводно било разработувано хемиско оружје.
Тел Авив, 1 април 2026 (МИА) – Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во текот на изминатиот ден извршиле напад врз објект во Иран, во кој наводно било разработувано хемиско оружје.
Според армиското соопштение, погоден бил „објект за истражување и развој, од каде систематски биле доставувани хемиски супстанции за иранскиот режим“.
Објектот во сопственост на компанијата „Тофик Дару“, бил регистриран како цивилна компанија, но „во практика пренесувал хемиски супстанции, вклучително и фентанил, што биле користени за истражување и развој на хемиско оружје“.
Засега нема потврда однезависни извори на таквите информации, ниту е познато дели Иран навистина разработувал производство и развој на хемиски препарати за воени цели.
„Фентанилот е анестетик што во високи дози, се смета за исклучително смртоносна супстанција“, соопшти Израелската армија, посочувајќи дека компанијата „свесно и систематски ја снабдувала со таа опасна супстанција“ иранската Организацијата за одбранбени иновации и истражување. аб/јт
фото/EPA