• сабота, 23 ноември 2024

Бајден го осуди рускиот напад во Полтава

Бајден го осуди рускиот напад во Полтава

Вашингтон, 4 септември 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден го осуди рускиот ракетен напад врз воен институт во североисточниот украински град Полтава, во кој загинаа 51 лице, а 271 беа повредени.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби го осуди нападот „како доказ за бруталноста на рускиот претседател Владимир Путин“.

„Овој напад е трагичен потсетник на упорните и срамотни обиди на Путин да ја поништи волјата на слободниот народ“, додаде Бајден во изјавата.

Тој вети дека Соединетите Американски Држави „ќе продолжат“ да ги поддржуваат Украинците, „конкретно обезбедувајќи им системи за противвоздушна одбрана и капацитети што им се потребни за одбрана на нивната земја“.  паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан