• вторник, 17 декември 2024

AA на Села ја оспори легитимноста на вчерашниот конгрес на Таравари

AA на Села ја оспори легитимноста на вчерашниот конгрес на Таравари

Тетово, 11 ноември 2024 (МИА) – Потпретседател на партијата Алијанса за Албанците (АА) на претседателот Зиадин Села,  Ремзи Мехмеди денеска на прес-конферецијата пред Основниот суд во Тетово го оспори вчерашното одржување на вонредниот конгрес на Алијанса за Албанците со претседател Арбен Таравари и тоа го нарече обид за манипулација.

- Вчера немаше конгрес на Алијансата за Албанците, ниту редовен, ниту вонреден, туку обичен спектакл ала Тараварче, срамна фарса со цел да се манипулира со јавноста. Правата, обврските и правилата на однесување во рамките на Алијансата за Албанците се запишани во Статутот на Алијансата за Албанците. За да може вчерашната партија да се нарече конгрес, учесниците требаше да имаат конгресни делегати избрани на редовниот конгрес на АА во 2022 година и кои се регистрирани во Основниот суд Тетово, чиј мандат според статут трае четири години, односно до 2026 година. За да се нарече редовен, одлуката за прогласување на редовен Конгресот ја носи партиското собрание и таква одлука нема. За да бидат наречен вонреден, делегатите кои се делегирани и назначени од членството на АА мора повторно да бидат повикани. Вчера немаше партиски делегати, но имаше луѓе, дури и од други партии, од кои голем дел се бореа со дух и буква против Алијансата за Албанците, никогаш не биле нејзини членови и нема да бидат, беа стрелачки одреди кои заедно со Арбен Таравари го правеа последниот обид за егзекуција на Алијансата за Албанците. Секако дека нема да успеат. За повеќе, член 25 од важечкиот статут го одредува начинот на кој се избираат делегатите на конгресот. Во отсуство на делегати нема конгрес, во отсуство на делегати нема легитимни или законски одлуки, затоа вчерашната фарса останува фарса и ништо повеќе, истакна Ремзи Мехмеди.

Според него со оглед на тоа што нема правосилна судска одлука, конгресот се одржува со мнозинство од пријавените делегати во судот од последниот официјален и легитимен конгрес.

-Само ние го имавме ова мнозинство на четвртиот конгрес каде за претседател беше избран Зиадин Села. Во меѓувреме, вчера самиот Таравари призна дека одржал обид за конгрес. Затоа, апелираме до вас да не го злоупотребувате името на Алијансата за Албанците, бидејќи Алијансата за Албанците има легитимен претседател, господинот Села, има легитимни органи, претседателство и легитимно централно собрание. Го повикуваме Судот да го земе предвид тоа што го кажав погоре, важечките закони и статутот, документите и правилната листа на делегати и да не стане жртва на манипулациите и измамите кои се прават преку ваквите спектакли. Тие што се собраа вчера, од Таравари до останатите членови кои импровизираа дека нешто се избрани, не се легитимни и се разрешени од претходниот Конгрес. Може да свикаат конгрес за формирање нов политички субјект или да станат огранок на Мицкоски, истакна Ремзи Мехмеди, потпретседател на АА. ас/ир/

Фото: МИА

Остани поврзан