• четврток, 06 март 2025

70 години Комерцијална банка – 70 години доверба, раст и заеднички успеси

70 години Комерцијална банка – 70 години доверба, раст и заеднички успеси

Скопје, 5 март 2025

Комерцијална банка оваа година со гордост го одбележува својот 70-годишен јубилеј, кој сведочи за децении стабилност, доверба, раст и силна посветеност на клиентите и на општеството.

Комерцијална банка во своето седум децениско постоење остана доследна на својата мисија – да биде сигурен партнер на граѓаните и на компаниите и да обезбеди современи и иновативни финансиски решенија.

Најголем двигател на успехот на Комерцијална банка се клиентите, кои од март далечната 1955 година мотивираат со својата доверба, ја поддржуваат стабилноста на Банката и ја задолжуваат континуирано да инвестира во подобри производи и услуги.

Веќе 70 години стоиме зад нивниот потенцијал, инспирирани од идеите кои го прават животот поубав.

Комерцијална банка е исклучително посветена и на потребите на целата заедница, мотивирана од фактот дека во исто време го започнавме патот кон развојно и модерно општество и ПОЛЕСНО Е ЗАЕДНО да го одиме. Нашата одговорност кон заедницата се огледа пред сѐ во долгорочната поддршка на компаниите, иновативните бизниси и одржливите проекти кои создаваат подобра иднина за сите. Но, во изминатите седум децении Банката обезбеди значајна поддршка и за културата, уметноста, спортот, здравството, животната средина и социјалниот напредок.

Со тоа Банката израсна во истакната финансиска институција, која постави високи стандарди во банкарскиот сектор и создаде вредност за сите чинители, придонесувајќи со тоа за севкупниот економски развој.

„Прославувањето 70 години од постоењето на Комерцијална банка е момент за гордост, но и обврска за иднината. Овој јубилеј го одбележуваме со благодарност кон сите наши клиенти, партнери и вработени, кои се дел од нашата приказна. И со особена почит кон поранешните колеги кои со силни амбиции и храброст го создале и го граделе брендот Комерцијална банка и ни оставиле наследство кое гордо го унапредуваме. Веруваме дека со истата посветеност и иновативност ќе продолжиме да создаваме уште поголема вредност за сите, водејќи ја Банката кон нови успеси и достигнувања“, изјави Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Како лидер во банкарскиот сектор и носител на бројни новитети во банкарското работење, Комерцијална банката останува посветена на иновациите, одржливиот

развој и создавањето вредност за сите сегменти на општеството со цел да остане движечка сила на економијата и синоним за доверба, квалитет и иновации. Јубилејот од 70 години е само почеток на ново поглавје во приказната за успехот.

Комерцијална банка АД Скопје

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан