• сабота, 23 ноември 2024

„Хјундаи“ повлекува над 272.000 возила од САД

„Хјундаи“ повлекува над 272.000 возила од САД
Сеул, 16 јули 2020 (МИА) - Јужнокорејската автомобилска компанија „Хјундаи“ повлекува над 272.000 возила од САД поради проблеми со електричниот приклучок на инструмент таблата, кој може да прегрее и да предизвика пожар. Компанијата соопшти дека работи на отстранување на недостаткот и оти сопствениците писмено ќе бидат известени за повлекувањее на возилата. „Хјундаи“ ќе ги повлече автомобилите „Елантра“ и „Сната од 2011 и 2012 година, како и моделите „Асент“ и Велостер“ од 2012 година, До сега има пријавено девет пожари поради проблеми со електричниот приклучо на инструмент таблата, но нема повредени лица. ми/

Остани поврзан