• сабота, 09 ноември 2024

„Синот јахт“ негира секаква поврзаност со Бил Гејтс

„Синот јахт“ негира секаква поврзаност со Бил Гејтс
Лос Анџелес, 10 февруари 2020 (МИА) - На повеќе светски медиуми деновиве се појавија податоци дека новата еколошка јахта на фирмата Синот јахт аркитекчр енд дизајн веќе ја поседува милијардерот Бил Гејтс, но компанијата ги демантираше наводите. „Водородниот концепт Аква не е поврзан со г-н Гејтс, ниту со негови претставници, на каков било начин. Синот нема никакви деловни врски со г-н Гејтс“, соопшти компанијата на својата интернет-страница. Новата јахта „Синот аква“, долга 112 метра, со пет палуби и простор за сместување 14 гости и 31 член на посадата. Според повеќе медиуми, таа ќе чини над 600 милиони долари Пловилото кое се движи на водород, се вика „Синот Аква“. Содржи базен, хелиодром, спа-центар, вежбалница, кино, салон за убавина и приватна палуба за набљудување со поглед кон океанот. Јахтата со еден резервоар минува 6.000 километри. Јахтата, најавена на неодамнешниот Саем за јахти во Монако, најверојатно ќе заплови 2024 година. си/

Остани поврзан