• вторник, 24 декември 2024

„Покер“ на Левандовски во победата на Баерн над Херта

„Покер“ на Левандовски во победата на Баерн над Херта
Минхен, 4 октомври 2020 (МИА) - Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски постигна четири погодоци на натпреварот од Бундеслигата против Херта (4:3). Триесет и двегодишниот Полјак трипати го носеше својот тим во водство, а неговиот последен погодок од белата точка во судиското надополнување беше победнички. Левандовски стана вториот играч во историјата на германскиот шампионат по Герд Милер кој постигна четири или повеќе голови против Херта. Милер постигна пет гола во 1976 година. зс/

Остани поврзан