• среда, 25 декември 2024

„Вообичаените осомничени“ ја прославува 25-годишнината од премиерата

„Вообичаените осомничени“ ја прославува 25-годишнината од премиерата
Лос Анџелес, 17 август 2020 (МИА) - И по точно 25 години од своето прво прикажување, филмот „Вообичаените осомничени“ (The Usual Suspects) сѐ уште важи за приказна со можеби највпечатливиот и најлегендарен пресврт во историјата на седмата уметност. https://www.youtube.com/watch?v=oiXdPolca5w Овој тн. нео-ноар трилер излезе во август 1995 година и денес е поконтроверзен од кога било... Но, тоа не е поради самата содржина или тематиката. Режисерот Брајан Сингер, кој се прослави со филмов уште пред да наполни 30 години, денес во јавноста е попознат по скандалите околу обвинувањата за сексуалното вознемирување што доаѓаат од неколку мажи кои наводно се соочиле со нив додека биле малолетни. Главниот чинител во легендарниот пресврт на крајот од филмот, глумецот Кевин Спејси доби Оскар за најдобра машка споредна улога. Но, и тој последниве години се соочи со слични обвинувања за наводна сексуална злоупотреба, од коишто дел и не можеа судски да се докажат... Сепак, тоа беше голем удар за кариерата на Спејси како глумец. Кристофер Мекквари доби Оскар за најдобро оригинално сценарио. Според многумина, овој филм, со својот изненадувачки крај, зад себе, во таа смисла ги остава и „Психо“ (1960), „Играта на плачење“ (1992), и „Шесто сетило“ (1999). Тоа го сместува на 33. место на најдобро оценетите филмови на ИМДБ на сите времиња. „Вообичаените осомничени“ со буџет од шест милиони долари, заработи над 23,34 милиони долари на светско ниво.  си/

Остани поврзан