• недела, 24 ноември 2024

Џо Харт во Тотенхем

Џо Харт во Тотенхем
Лондон, 17 август 2020 (МИА) - Англискиот голман Џо Харт е нов играч на Тотенхем. Оваа информација ја пренесе новинарот Фабрицио Романо. Тотенхем наскоро ќе ја официјализира соработката. Поранешниот прв голман на репрезентацијата на Англија и Манчестер Сити има 33 години и се очекува да биде резерва за Лорис. Тој е без клуб од 1 јули, кога му истече договорот со Барнли, на кој беше член во претходните две сезони. Од заминувањето од Сити, тој исто така бранеше за Вест Хем и Торино. Тој има и 75 настапи за Англија.

Тагови

Остани поврзан