• понеделник, 23 декември 2024

Џорџ Лејзенби му го честиташе 90-от роденден на Шон Конери

Џорџ Лејзенби му го честиташе 90-от роденден на Шон Конери
Лос Анџелес, 26 август 2020 (МИА) - Вториот „Џејмс Бонд 007“ глумец во светски познатиот серијал филмови на продукциската куќа МГМ, Австралиецот Џорџ Лејзенби му го честиташе 90-от роденден на Шон Конери. Лејзенби ја презеде улогата во шестиот филм за, според многумина - најпознатиот филмски таен агент - „Во служба на нејзиното височество“. Неговиот претходник, Конери вчера наполни 90 години. „Шон, за мене, секогаш беше ’фраерот‘. Одев по неговите стапки; морав да изгледам и да се облекувам како Шон Конери; одев и кај неговите бербери и кројачи. Не се плашев кога ја прифатив улогата... Тој беше човекот што ме инспирираше никогаш да не се двоумам. Друго нешто што ни е заедничко е тоа дека двајцата сме семејни мажи... Па така, им посакувам сѐ најдобро и на г-ѓа Конери, на вашите деца и - да останеме безбедни! Од срце, Џорџ“, напиша Лејзенби. Шон Конери го глумеше Бонд и во седмиот филм од серијалот, како и во 90-тина други филмови, како што се: „Крвави пари“, „Макбет“, „Робин Худ: Принцот на крадците“, „Изгрејсонце“, „Хајлендер“, „Лига на необичните господа“... Својата филмска кариера ја заврши 2012 година, со улога во филмот „Сер Били“.  си/

Остани поврзан