• среда, 25 декември 2024

Џорџи ја совлада Плишкова и го освои финалето во Монтреал

Џорџи ја совлада Плишкова и го освои финалето во Монтреал
Монтреал, 16 август 2021 (МИА) – Камила Џорџи го освои годинашното финале на Канадскиот мастерс во Монтреал совладувајќи ја Каролина Плишкова. Победувајќи ја светската број 6, Каролина Плишкова, со 6-3, 7-5, Џорџи ја обезбеди најголемата победа во кариерата. На почетокот од турнирот во Монтреал, Џорџи беше рангирана на 71 место во светот, а по освојувањето на вчерашното финале се проби помеѓу првите 35. Ова беше деветто соочување помеѓу Џорџи и Плишкова која го промени резултатот од претходните средби во 4-5. Џорџи, исто така, победи и на скорешната средба во рамките на Олимписките игри во Токио. ар/

Остани поврзан