• понеделник, 23 декември 2024

Џордан не стана шеф на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ниту по третпат, поддршката за него се намалува

Џордан не стана шеф на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ниту по третпат, поддршката за него се намалува

Вашингтон, 20 октомври 2023 (МИА) -  Републиканецот Џим Џордан по третпат не успеа да обезбеди доволен број претставници од сопствената партија за да стане нов претседател на Претставничкиот дом на Конгресот на САД. Тој денеска доби дури и помала поддршка од претходните два круга на гласање.

Противењето за назначување на Џордан расте само од гласање во гласање, а со оглед на тоа што републиканците во долниот дом на Конгресот имаат многу мало мнозинство во споредба со демократите, Џордан може да си дозволи само четири гласови противење од својата партија.

И покрај сето ова Претставничкиот дом е блокиран без претседател. Во таква сопстојба, што никогаш не се случила во историјата на САД, Конгресот не може да усвои пакет помош за Израел, пакет помош за Украина, а не може ниту да го усвои буџетот на сопствената држава, имајќи предвид дека сегашниот, привремен , трае само до ноември. Доколку не биде усвоен, нема да се исплаќаат плати во сојузната влада и федералните служби.

Во вторникот на првото гласање за именување на Џордан не го поддржаа 20 колеги. Во следниот круг гласање во средата, 22 колеги не му дадоа поддршка. Како што јавија американските медиуми   денеска тој број се искачи на 25. зш/

Остани поврзан