• среда, 25 декември 2024

Џонсон пристигна во Брисел на завршни преговори за Брегзит

Џонсон пристигна во Брисел на завршни преговори за Брегзит
Лондон, 9 декември 2020 (МИА) - Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва пристигна во Брисел на завршни разговори за Брегзит со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Џонсон на својот профил на Твитер објави дека „Велика Британија може да напредува како независна држава“ без оглед дали двете страни ќе постигнат трговски договор сличен на оној што Велика Британија го има со Австралија или Канада. Пред да се упати кон Брисел од неговата резиденција на Даунинг стрит, Џонсон им порача на членовите на Долниот дом дека ќе биде постигнат „добар договор“ со ЕУ, но дека во моментот Европа инсистира на услови што ниту еден премиер не може да ги прифати. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека постои можност да се постигне договор, но предупреди и дека не очекува утре да дојде до расплет и постигнување взаемно прифатлив договор. паг/  

Остани поврзан