• вторник, 24 декември 2024

Џонсон Мети обезбеди приватно здравствено осигурување за вработените во Македонија 10.01.2022, Скопје

Џонсон Мети обезбеди приватно здравствено осигурување за вработените во Македонија 10.01.2022, Скопје
Сите вработени во Џонсон Мети во Македонија отсега ќе добиваат приватно здравствено осигурување. Компанијата обезбеди здравствени придобивки од Триглав осигурување за сите вработени, бидејќи нивното здравје е приоритет. „Нашата посветеност за вработените ја покажуваме на дело со воведување нова придобивка - приватно здравствено осигурување. Во соработка со Триглав осигурување, вработените ги добиваат сите поволности од приватното здравствено осигурување. Една од фундаменталните вредности на Џонсон Мети е  „Заштита на луѓето и планетата” и затоа сме среќни што ги имплементираме највисоките стандарди за здравје и заштита на вработените на работното место и надвор од него. Преку различни програми за добросостојба, обезбедуваме здрава и сигурна работна средина за нашите вработени“, вели Ана Апостолова, менаџер за човечки ресурси во Џонсон Мети. Како дел од информативната кампања за вработените, заедно со Триглав Осигурување, Џонсон Мети организираа „Денови на здравјето“. Претставници на Триглав Осигурување темелно ги информираа вработените што значи приватно здравствено осигурување. „Свесни сме дека нашата добросостојба може да биде афектирана од различни фактори, како што се физичкото здравје, финансиската стабилност, менталната состојба и од квалитетот на нашите социјални интеракции. Сме компанија која се грижи за целокупната добросостојба на вработените и обезбедуваме различни видови тренинзи, онлајн платформи за учење и поддршка за вработените и нивните семејства. Многу сме горди што имаме вработени кои се грижат за нивната добросостојба и што им ја даваме оваа можност“, додава Апостолова. Во Триглав Осигурување сметаат дека вработените се вистинскиот капитал на секоја компанија и затоа е важно да се инвестира во нивната добросостојба. „Нашиот главен фокус се клиентите, а како компанија се залагаме за здрав начин на живот и заштита на средината во која што работиме и живееме. Тоа го имплементираме и во производите, кои што ги развиваме, особено во доменот на здравствената заштита. Изборот на поздрав начин на живот подразбира и носење вистински одлуки за негова заштита, бидејќи ништо не е поважно од нашето здравје. Ни причинува вистинско задоволство што во овој домен соработуваме со компанија како Џонсон Мети и што компанијата ги препознаа предностите на приватното здравствено осигурување и го вклучија во пакетот бенефити за своите вработени“, изјавија од Триглав Осигурување. *** Британската компанија Џонсон Мети ја користи науката за да создаде почист, поздрав свет. Тие се светски лидер во производство на катализатори за автомобилската индустрија и системи на катализатори за контрола на загадувањето. Џонсон Мети работи во над 30 земји ширум светот и вработува повеќе од 15 000 луѓе. Една третина од сите нови возила ширум светот имаат катализатори од Џонсон Мети. Џонсон Мети ја одбра Северна Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за автокатализатори во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Ова е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицирана и најнапредна фабрика на Џонсон Мети во светот и компанијата е најголем извозник од Северна Македонија. Џонсон Мети минатата година ја затвори со 1.696 милиони евра увоз и 1.850 милиони евра извоз. Џонсон Мети во Северна Македонија вработува повеќе од 1.000 луѓе.   Ја инспирираме науката, го подобруваме животот   ____________________________________________________________________________   MИА - ОТС Комерцијални соопштенија   Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Тагови

Остани поврзан