• петок, 08 ноември 2024

Џонсон во Врховната Рада ќе го поздрави украинскиот отпор на „руската тиранија“

Џонсон во Врховната Рада ќе го поздрави украинскиот отпор на „руската тиранија“
Лондон, 3 мај 2022 (МИА) - Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон денеска ќе одржи говор во украинската Врховна Рада. Тој е прв светски лидер кој ќе зборува во украинскиот Парламент, од почетокот на руската воена операција на 24 февруари. Преку видео обраќање, Џонсон ќе го поздрави   украинскиот отпор на „руската тиранија“, oбјави Гардијан. Се очекува британскиот премиер да потсети „на времињата на најголеми искушенија и опасности, што истовремено се и времиња на најголема слава“. Со денешниот говор, Џонсон му возвраќа на потегот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој во март имаше обраќање во Долниот дом на британскиот Парламент. бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан