• сабота, 23 ноември 2024

Џони Деп има нова девојка, се работи за топ-модел од Русија

Џони Деп има нова девојка, се работи за топ-модел од Русија

Лос Анџелес, 16 јyли 2024 (МИА) - Џони Деп е во врска со рускиот топ-модел, манекенка и козметичарка Јулија Власова. Извори блиски до Деп (61) потврдија за странските медиуми дека тој и Јулија се гледаат „тука и таму“ последниве две години, објави „Дејли мејл“.

Тие се запознале во 2021 година на Меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари и неколкупати беа видени заедно. Јулија, која е 33 години помлада од него, живее во Прага, Чешка, каде што има свој салон за убавина.

Инаку, Џони Деп се разведе од глумицата Амбер Хард во 2017 година, по што следеа три бурнисудења откако Деп ја тужеше својата поранешна сопруга за клевета за семејно насилство во напис на „Вашингтон пост“ од 2018 година. На третото судење, поротата пресуди во корист на Деп за сите три тврдења дека му бил намерно нарушен угледот. Хард исто така го тужеше Деп, добивајќи едно од трите барања за клевета и отштета од два милиони долари.

Од 2022 година, Амбер и нејзината тригодишна ќерка Уна Пејџ живеат во Мадрид, Шпанија.  си/

Фото: ЕПА, Инстаграм

Остани поврзан