• сабота, 23 ноември 2024

Џил Бајден во Романија и Словачка на средби со украински бегалци

Џил Бајден во Романија и Словачка на средби со украински бегалци
Вашингтон, 6 мај 2022 (МИА) - Првата дама на САД, Џил Бајден денеска ја започна посетата на Романија и Словачка, каде предвидено е да се сретне со раселени семејства поради војната во Украина, јавија американски медиуми. Таа за новинарите изјави дека и неа, како и на нејзиниот сопруг, претседателот Џо Бајден, многу им е важно украинскиот народ да знае оти се со него. Двете земји што првата дама ги посетува, а се граничат со Украина, прифатија милиони бегалци, главно жени и деца, потсетуваат медиумите. Според најавеното, д-р Џил Бајден во Европа ќе помине четири дена. бд/ссм/

Остани поврзан