Џејмс Рубин доаѓа во Скопје да изрази поддршка за борбата против дезинформациите
- Специјалниот претставник и координатор за глобален ангажман Џејмс П. Рубин од 10 до 14 април ќе престојува во Скопје, Подгорица и во Тирана, соопшти Стејт департментот.

Скопје, 8 април 2023 (МИА) - Специјалниот претставник и координатор за глобален ангажман Џејмс П. Рубин од 10 до 14 април ќе престојува во Скопје, Подгорица и во Тирана, соопшти Стејт департментот.
Како што пренесува „Гласот на Америка“, во Скопје и Подгорица, Рубин ќе се состане со владини претставници за да ја зацврсти поддршката за иницијативите за справување со дезинформациите.
За време на престојот во Тирана, Рубин ќе учествува на средби со американските амбасадори од Западен Балкан. мд/
Фото: „Гласот на Америка“