Џејми Фокс во нов биографски филм за Мајк Тајсон
- За оваа улога на Фокс се говори уште од 2014 година. Филмот најверојатно ќе го режира Мартин Скорсезе, но тоа сѐ уште не е потврдено.

Лос Анџелес, 19 јуни 2020 (МИА) - Џејми Фокс (52) потврди дека ќе го глуми боксерот Мајк Тајсон во биографскиот филм за него, што е во подготовки. За таа цел, глумецот е во интензивен режим на тренинзи.
- Секој ден правам 60 поткревања, 60 пропаѓања и 100 склекови, изјави тој.
За оваа улога на Фокс се говори уште од 2014 година. Филмот најверојатно ќе го режира Мартин Скорсезе, но тоа сѐ уште не е потврдено.
Фокс во 2005 година доби Оскар за еден друг биографиски филм - „Реј“, т.е. за пресликувањето на ликот на музичката ѕвезда Реј Чарлс. Благодарение најмногу на тоа ја добил и улогата на Тајсон.
Освен по неговите постигнувања во боксот, Мајк Тајсон е познат и по своите пороци и контроверзи. Тој во 1992 година бил осуден за силување, а 1997 година доби и забрана за боксување, откако му одгриза дел од увото на својот противник Ивендер Холифилд. си/гт/