• вторник, 19 ноември 2024

Џејлен Браун одби 50 милиони долари пари од спонзорство поради сопствен бренд

Џејлен Браун одби 50 милиони долари пари од спонзорство поради сопствен бренд

Бостон, 25 септември 2024 (МИА) - НБА-ѕвездата Џејлен Браун одби голема сума пари поради својот бренд.

Кошаркарот на Бостон селтикс лансираше сопствен бренд за спортска опрема наречена „741“ и одби повеќе од 50 милиони долари потенцијални спонзорски договори.

Производите „741“ ќе бидат пуштени во продажба на 22 октомври, кога Селтикси ќе ги добијат шампионските прстени од мината сезона и ќе ја започнат новата регуларна сезона.

Браун беше предводник на Бостон во финалето со Далас и заслужено го доби признанието (МВП) за најкорисен играч на финалето. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан