Џејк Пол го победи Нејт Дијаз во боксерски спектакл во Тексас
- Во Далас ноќеска се одржа боксерски натпревар меѓу блогерот Џејк Пол и поранешниот борец на УФЦ Нејт Дијаз. Пол победи со едногласна одлука 3:0 (97-92, 98-91, 98-91).

Далас, 6 август 2023 (МИА) - Во Далас ноќеска се одржа боксерски натпревар меѓу блогерот Џејк Пол и поранешниот борец на УФЦ Нејт Дијаз. Пол победи со едногласна одлука 3:0 (97-92, 98-91, 98-91).
Борбата траеше според предвидените 10 рунди. Во петтата, Дијаз беше во нокдаун.
За Пол ова е осма боксерска борба и шеста победа. Во претходната загуби од Томи Фјури. зс/
Фото: ЕПА