• сабота, 23 ноември 2024

Џеф Безос и неговиот брат ќе летаат во вселената на 20 јули

Џеф Безос и неговиот брат ќе летаат во вселената на 20 јули
Вашингтон, 7 јуни 2021 (МИА) - Основачот на Амазон, Џеф Безос следниот месец заедно со неговиот брат ќе лета во вселената, во првиот вселенски лет на неговата ракетна компанија „Блу Ориџин“ (Blue Origin), најави милијардерот. „Уште кога имав пет години, сонував да патувам во вселената и на 20 јули ќе тргнам на тоа патување со мојот брат“, објави Безос на Инстаграм. Компанијата „Блу Ориџин“ го затвори првиот круг на апликации минатиот месец, а доби повеќе од 5.200 понуди од 136 земји. Во моментов, најголемата понуда во вториот круг на регистрации на летови е 2,8 милиони долари, според веб-страницата на компанијата. Процесот ќе трае до 10 јуни, а завршната фаза е на 12 јуни. Компанијата планира да го изврши својот прв суборбитален лет со својот вселенски брод на 20 јули, што ќе биде пресвртница во конкуренцијата за реализирање на своето прво приватно комерцијално патување во вселената. Претходно беше објавено дека „Блу Ориџин“ планира да им наплаќа на патниците најмалку по 200.000 американски долари за ова патување, засновано врз плановите на ривалот на Безос, милијардерот Ричард Бренсон, сопственик на „Вирџин Галактик“. паг/  

Остани поврзан