• вторник, 26 ноември 2024

„Џерусалим Пост“: Камала Харис го поддржува Израел

„Џерусалим Пост“: Камала Харис го поддржува Израел

Вашингтон, 8 август 2024 (МИА) - Кампањата на претпоставениот демократски кандидат за претседател Камала Харис денеска потврди дека американската потпретседателка го поддржува Израел откако првичните извештаи од нејзината средба со пропалестинските лидери на Националното движење на неврзаните пред митингот во Детроит сугерираа дека Харис е отворена за прашањето за ембарго за оружје на Израел.

-Харис не изрази отвореност за ембарго за оружје, изјави извор за „Џерусалим пост“ под услов да остане анонимен.

Нејзиниот советник за национална безбедност, Фил Гордон, напиша на „Х“ дека Харис е јасена за ембаргото и додаде дека САД ќе му помогнат на Израел да се одбрани од Иран и групите поддржани од Иран.

-Таа не го поддржува ембаргото за оружје на Израел и ќе продолжи да работи на заштита на цивилите во Газа и почитување на меѓународното хуманитарно право, напиша Гордон.

Според портпаролот на кампањата, Харис е фокусирана на обезбедување прекин на огнот и договор за заложници.

-Како што рече (Харис), време е да се стави крај на оваа војна на начин на кој Израел е безбеден, заложниците се ослободени и страдањето на палестинските цивили е прекинато за да може палестинскиот народ да го оствари своето право на достоинство и слобода, рече тој.

Движењето на неврзаните вчера објави дека Харис кажала дека е отворена за разговори со водачите на движењето за ембарго за оружје.

Харис вчера одржа митинг во Детроит како дел од нејзината претседателска кампања и им возврати на пропалестинските демонстранти кои го прекинаа нејзиниот говор, извикувајќи „Камала, Камала, нема да гласаме за геноцид“.

-Знаете што, ако сакате Доналд Трамп да победи, кажете го тоа. Инаку, држам говор, рече Харис, привлекувајќи гласни овации од нејзините поддржувачи. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан