• среда, 25 декември 2024

Џеред Лето ги почести обожавателките со провокативна фотографија

Џеред Лето ги почести обожавателките со провокативна фотографија
Лос Анџелес, 2 ноември 2020 (МИА) - Американскиот глумец и предводник на бендот „30 секунди до Марс“ - Џеред Лето на Инстаграм објави фотографија од своето голо атлетско мускулесто тело, докажувајќи дека за него „не е проблем ниту да се влезе во форма, ниту да се остане во форма“, како што гласи еден коментар потоа. „Среќен ден на ’плочките‘. ПС: Не заборавајте да гласате“, порача глумецот во пресрет на претстојните претседателски избори во САД. Лето (48), инаку, е веган, па според многумина, во тоа лежи тајната на неговиот изглед и форма. Следни филмови каде што обожавателите ќе можат да го погледнат, се трилерите „Малите нешта“ (The Little things), „Морбиус“, закажани за 2021 година, како и мини-серијата „Лига на правдата“, во којашто ќе ја повтори улогата на „Џокер“. Во декември, глумецот полни 49 години. си/гт/ https://www.youtube.com/watch?v=jLMBLuGJTsA

Остани поврзан