• среда, 25 декември 2024

Џенифер Лопез разгледува мебел за новиот дом

Џенифер Лопез разгледува мебел за новиот дом
Лос Анџелес, 7 април 2022 (МИА) - Џенифер Лопез веќе почна со опремување на новата куќа што таа и Бен Афлек неодамна ја купија во Лос Анџелес за 50 милиони долари. Имено, папараци ја уловиле во продавница за мебел во Калвер Сити, Калифорнија, САД, како што пренесуваат западните медиуми. Пејачката  притоа била придружувана од нејзината 14-годишна ќерка Ема што ја има со поранешниот сопруг Марк Ентони. Новата палата на Бен и Џенифер очигледно има доволно простор за секого - и за нејзините две и за неговите три деца од претходно... Куќата во елитната населба Бел Ер има 10 спални соби, 17 бањи, голем паркинг, градина со базен и завиден поглед на околината. Но, Џеј Ло не заборава ниту на својот бизнис. Пред неколку дена таа влезе во продавница за козметички производи во Беверли Хилс каде што се продава нејзиниот бренд „Џеј-Ло бјути“ (JLo Beauty), па со задоволство разговараше и се сликаше со вработените и купувачите.  си/

Остани поврзан