• вторник, 24 декември 2024

Џенифер Лопез и Бен Афлек се свршија

Џенифер Лопез и Бен Афлек се свршија
Лос Анџелес, 11 април 2022 (МИА) - Пејачката и актерка Џенифер Лопез ја објави свршувачката со глумецот-режисер Бен Афлек, 18 години откако тие двајцата првпат ја прекинаа љубовната врска. Американските медиуми претходно објавија дека прстенот е со бледо-зелен дијамант обложен со смарагд. Нејзините гласноговорници ја потврдија свршувачката. Пејачката пак, објави и емотивно видео со зелениот прстен на нејзината рака, со натпис „На Џеј-Ло“. „Бенифер“, како што гласеше прекарот на двојката од нивната прва врска, лани си даде уште една шанса. Бен (49) и Џенифер запознаа на снимањето на филмот „Џигли“ од 2002 година. Ја откажаа планираната свршувачка во 2003., а на почетокот на 2004 година објавија дека не се веќе во врска. Ова би бил четврти брак за Лопез, а втор за три години помладиот глумец. Таа претходно беше в брак со актерот Ојани Ноа, танчерот Крис Џад и пејачот Марк Ентони, со кој ги има 14-годишните близнаци Макс и Еми. Афлек пак, беше во брак со глумицата Џенифер Гарнер со која ги имаат Виолет (16), Серафина (13) и Семјуел (10).  си/сд/

Остани поврзан