• вторник, 26 ноември 2024

Џенерал Моторс е првиот од трите производители на автомобили од Детроит што постигна договор со синдикатот

Џенерал Моторс е првиот од трите производители на автомобили од Детроит што постигна договор со синдикатот

Детроит, 16 ноември 2023 (МИА) – Членовите на синдикатот на организацијата на американската автоиндустрија Јунајтед Ауто Воркерс (UAW) изгласаа нов договор со Џенерал Моторс, првиот од трите детроитски производители на автомобили што го ратификуваше договорот што може да стави крај на спорот со работниците и серијата штетни повеќенеделни штрајкови.

Договорот беше одобрен со нешто повеќе од 3.400 гласа, а за него гласаа 54,7 отсто од работниците. Портпаролот на синдикатот денеска потврди дека ова се официјални податоци од компанијата ЏМ.

Резултатот од гласањето беше потесен од очекуваното, откако синдикатот на UAW минатиот месец славеше затоа што добиле многу од своите клучни барања што предизвикаа шестнеделни штрајкови во трите големи производители на автомобили во Детроит: ЏМ, Форд и Стелантис, американскиот производител на Jeep, Доџ и Рама.

Гласањето за договорот продолжува во Форд до сабота, а во Стелантис се очекува да заврши до вторник.

Доколку трите договори ги одобрат вкупно 146.000 членови на синдикатот, платите на работниците во автомобилската индустрија би се зголемиле за 33 отсто, со приспособување на трошоците за живот. Основните работници за монтажа на автомобили ќе добијат веднаш покачување на платата за 11 проценти и ќе заработуваат околу 42 долари на час до истекот на договорите во април 2028 година. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан