• петок, 05 декември 2025

Џез фестивал на отворено се одржува во Неготино

Џез фестивал на отворено се одржува во Неготино

Неготино, 22 мај 2025 (МИА) - Џез фестивал на отворено се одржува вечерва во Неготино, во организација на неготинската национална установа Центар за култура „Ацо Ѓорчев", а со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам. 

- Со прекрасни џез изведби,  пред љубителите на музиката, на концертот пред платото на центарот за култура, учествуваат музички групи од регионот. Џез фестивалот на отворено е насловен како „Jazz 1440", рече директорката на Центарот за култура, Виолета Стојановска. 

Таа изрази благодарност до Министерството за култура и туризам, без чија поддршка, како што нагласи,  немаше да се реализира овој настан. свд/фф/

Фото: МИА 

Остани поврзан