• сабота, 23 ноември 2024

Џафери премиер, партиите се подготвуваат за техничка влада и за избори

Џафери премиер, партиите се подготвуваат за техничка влада и за избори

Скопје, 9 декември 2023 (МИА) - На месец и половина пред формирањето на преодната Влада веќе е познато името на новиот технички премиер. Претседателот на Собранието Талат Џафери треба да ја преземе оваа функција, а Јован Митрески од СДСМ да биде претседател на Собранието до неговото распуштање. Преодната Влада се очекува да биде изгласана на 28 јануари. Партиите работат на кадровско екипирање на оваа влада и истовремено на програмите и на избор на претседателските кандидати, но и на селекција на кандидати за пратеници за изборите на 24 април и на 8 мај.

Талат Џафери на 27 април 2017 година имал смртен случај во семејството, починал брат му и повремено доаѓал на седницата на Собранието и затоа немал лично сознание дали 31 пратеник доставиле п

Џафери ќе биде премиер во третата преодна Влада од 2016 година наваму. Пред него премиери на т.н. Пржинска  влада беа Емил Димитриев (2016) и, сега актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски (2020). Согласно Законот за Влада и договорот од 2015 година, опозицијата предлага министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, а во неколку ресори има и дополнителни заменици министри.

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на состанок во партиското седиште вчера одлучи актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери да биде технички претседател на Владата на Република Северна Македонија од 28 јануари до изборот на новата Влада. Фатмир Бесими е избран за шеф на Централниот изборен штаб за изборите 2024, а се овластува претседателот на партијата Али Ахмети да продолжи со разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори.

Џафери, пак, во видео порака истакна дека му претставува особена чест доделената доверба од партиските органи за номинација на наредната функција - технички премиер во Владата во последните 100 дена. 

И оваа функција со должно почитување и соодветна одговорност ќе биде спроведена од моја страна  како одговор на поддршката искажана од партиските органи, а пред се и од граѓаните на Република Северна Македонија, порача Џафери во видео изјава.

Пратеничката група на СДСМ ќе го поддржи Предлог-законот за управување со отпад, со кој се предлага забрана на увоз на отпад кој се користи како извор на енергија, а  кое е влезено во собрани

Утре СДСМ ќе одржи седница на Извршниот одбор на партијата на која, како што брифираат партиски извори, премиерот Димитар Ковачевски ќе го предложи Јован Митрески за претседател на Собранието до неговото распуштање.

 

Во 2020-та не смеат да се повторат грешките од минатата. Мора да се стави крај на оваа криминалнo рекетарска банда не чело со аболицираниот криминалец Заев. Мора да се стави крај на поразите

 

Реагираше ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи дека со назначувањето на Талат Џафери за технички премиер, на Македонија и се случува целосна дуизација.

-Џафери или командант Форина во 2001 година дезертирал од македонската Армија и преминува во УЧК. А јавноста е сведок и на низа прекршувања на собраниски процедури од страна на Џафери, како употреба на европското знаменце на закони кои немаа врска со европската регулатива, само имаа врска со криминалиите на ДУИ, заклучување на вратите на пленарната сала за да не можат другите пратеници да се пријават за дискусија за дневниот ред, како и недоличното однесување и навредување кон собраниските службеници, се посочува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија бараше укинување на Пржинската влада, но владејачките СДСМ и ДУИ не се согласија, посочувајќи дека е доцна за тоа.

Владата утре во Штип ќе ја одржи редовната четврта седница.  Премиерот Оливер Спасовски и министрите, како што соопшти владината прес - служба, ќе имаат и повеќе активности во штипскиот регио

Преодната Влада се избира сто дена пред изборите. Според Законот за Владата  најпрво оставка поднесува актуелниот премиер која Собранието треба да ја констатира. Тоа значи оставка и на целата влада. Претседателот на државата му го доверува мандатот на кандидатот за преоден премиер за составување на кабинетот. Владата ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. 

Во преодната Влада министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политика предлага опозициската партија со најголем број пратеници (ВМРО-ДПМНЕ). На предлог на премиерот Собранието именува дополнителни заменици на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика од редовите на власта (СДСМ), но и од опозицијата и тоа во ресорите финансии, земјоделство и информатичко општество и администрација.

Мандатот на преодната Влада трае од изборот, па, се до објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за изборите за пратеници.

Основна задача на преодната влада е организирање фер и демократски парламентарни избори. 

Техничкиот министер за внатрешни работи ќе може да изврши најмногу 15 разрешувања или распоредувања, на пониско или повисоко место на носители на раководна позиција во Министерството. Доколку постави нови раководители, тој има должност на предлог на дополнителниот заменик-министер да именува и нивни заменици. Тие двајца имаат врзани потписи. Доколку некој акт е потпишан само од едното лице, тој нема да биде важечки. Министерот има право да ангажира лица за потребите на својот кабинет. Може да врши и хоризонтални распоредувања на вработените.

Првиот технички премиер Емил Димитриев, кој на таа фукција наместо сто дена како што беше договорено во Пржино, остана 16 месеци денеска за Утрински брифинг вели дека е потребно да го издигне

Ова ќе биде трета преодна Влада во земјата. Првата беше предводена од Емил Димитриев и поради тоа што не можеше да се формира подолго време Влада, тој ја предводеше техничката влада од 18 јануари 2016 до 1 јуни 2017 година. Втората преодна Влада ја предводеше сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и тоа од 3 јануари 2020 до 30 август 2020 година.

Четирите најголеми партии на 2 јуни 2015 година постигнаа договор 100 дена пред наредните парламентарни избори со државата да раководи влада за спроведување избори. ев/вј/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан