• среда, 24 јули 2024

Џафери им го честиташе празникот Сите светци на католичките верници

Џафери им го честиташе празникот Сите светци на католичките верници

Скопје, 1 ноември 2023 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери на припадниците на католичката вероисповед во државава им го честиташе  празникот  Сите светци.

-Посакувам денот да го поминете во душевен мир, семеен спокој и во спомен на сите кои го напуштиле овој свет и со себе ги понеле сите спомени, сите убави и заеднички мигови на семејни, пријателски и соседски врски. Ви посакувам секој ден, а особено во овој период исполнет со предизвици за сите нас како и за целиот свет, да ја задржите вербата и надежта за да Ве водат кон подобро утре. Нека ве одликуваат скромноста, добрина и почитта кон другите. Ви пожелувам да имате добро здравје и да го прифатите животот со сите предизвици што ги носи благонаклоно и со благодарност, како најголем дар, пишува во честитката на Џафери. хс/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан