• сабота, 23 ноември 2024

Џафери го посети Меѓународниот секретаријат на ПАБСЕК во Истанбул

Џафери го посети Меѓународниот секретаријат на ПАБСЕК во Истанбул
Скопје, 23 јуни 2021 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари средба со генералниот секретар на ПАБСЕК, Асаф Хаџиев, во рамките на посетата на Meѓународниот секретаријат на Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка со седиште во Истанбул. Посетата на Секретаријатот, како што информираат од Собранието, се реализира по официјализирањето на нашето членство во оваа Парламентарно собрание на 22 јуни 2021 година. На средбата претседателот Џафери го истакнал своето задоволство што Република Северна Македонија стана 13-та членка на ова важно Парламентарно собрание и надеж дека сорботката на сите нивоа меѓу државите членки дополнително ќе се продлабочи преку редовните контакти и пленарни сесии. Како што стои во соопштението, пратениците од сите собранија на земјите членки на ПАБСЕК ќе имат можност да ја унапредат комуникацијата, соработката и размената на мислења и искуства преку редовните активности во Комисиите на ПАБСЕК. Џафери истакнал и дека е поборник на парламентарната дипломатија која во рамките на сложената меѓународна ситуација, преку активно учество на парламентите во меѓусебните односи на државите дава позитивен придонес во намалувањето на тензиите, градењето на доверба и наоѓање решенија. Генералниот секретар Хаџиев, пак, истакнал дека Meѓународниот секретаријат е од особена важност за ПАБСЕК, затоа што службениците кои се делегирани од службата на земјите членки се носители на институционалната меморија на Собранието и се од клучна важност за успешна реализација на активностите на Комисиите и Пленумот. ар/лв/

Остани поврзан