• вторник, 24 декември 2024

Ќучук побара одложување на гласањето на извештајот за Северна Македонија во Европскиот парламент

Ќучук побара одложување на гласањето на извештајот за Северна Македонија во Европскиот парламент

Скопје, 20 јуни 2023 (МИА) - Известувачот во Европскиот парламент за Северна Македонија Илхан Ќучук, побара официјално одложување на гласањето за извештајот во ЕП, што беше закажано за крајот на јуни, соопштија од прес-службата на Ќучук.

-Убеден сум дека претстојниот период пред гласањето на извештајот ќе биде сериозен тест за политичката елита во Северна Македонија и ќе ја измери подготвеноста на земјата да продолжи по патот на европската интеграција, преку спроведување на неопходните уставни измени. Во спротивно, критичарите кои не веруваат во европските аспирации на Северна Македонија, може да излезат дека се во право. И во двете опции, Европскиот парламент ќе има јасна линија по која ќе го гласа извештајот со големо мнозинство наесен, рече Илхан Ќучук.

Според известувачот на ЕП за Северна Македонија, одложувањето на гласањето ќе помогне за постигнување конструктивен дијалог и во комисијата за надворешни работи на ЕП ќе придонесе за зацврстување на довербата меѓу Северна Македонија и Бугарија, како две соседни земји, кои имаат заедничка иднина и стремеж во европското семејство. нд/дма/

Остани поврзан