• вторник, 24 декември 2024

Ќе ја почитуваме одлуката на Управниот суд, вели министерот Тупанчевски

Ќе ја почитуваме одлуката на Управниот суд, вели министерот Тупанчевски
Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - Министерот за правда Никола Тупанчески се уште не ја видел одлуката на Управниот суд, со која го поништил решението на Министерството за правда потпишано од претходниот министер Бојан Маричиќ, со кое не му дозволи на здружението Млади за Македонија да се регистрира под име кое го содржи терминот Македонија. Но, нагласува Тупанчевски, каква и да е таа Министерството за правда ќе ја почитува. -Одлуките на судовите кои се донесени се одлуки кои задолжително се почитуваат. Непочитувањето судска одлука значи елементи на некое друго кривично дело. Ќе ја погледнеме каква е одлуката на Уставниот суд. Јас уште не сум ја добил и видел. Меѓутоа дефинитивно она што треба да се знае е дека одлуките на судовите треба да се применуваат, изјави Тупанчевски во одговор на новинарско прашање пред промоцијата на ,,Националната стратегија за превенција и правда за децата (2022-2026) и Акциски план (2022-2023). Управниот суд го поништил решението на Министерството за правда потпишано од претходниот министер Бојан Маричиќ со кое не му дозволи на здружението Млади за Македонија да се регистрира под име кое го содржи терминот Македонија, а одлуката ја соопштил вчера. сст/ац/

Остани поврзан