Ќе се реализира проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник
- На денешната седница Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за реализација на проектот „Возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник“ подготвена од Министерството за култу
Скопје, 5 јули 2022 (МИА) - На денешната седница Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за реализација на проектот „Возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник“ подготвена од Министерството за култура - Управа за заштита на културното наследство.
Владината прес-служба соопшти дека е дадена согласност и мислење за оправданоста и продолжување на проектот.
Министерството за финансии е задолжено да обезбеди средства за негова реализација - во висина од 50 милиони денари во државниот Буџет за 2023-та и 22 милиона и 700.000 денари во Буџетот за 2024 година. хс/цр