• сабота, 23 ноември 2024

Ќе се менува покривот на училиштето „11 Октомври“ во кумановското село Речица

Ќе се менува покривот на училиштето „11 Октомври“ во кумановското село Речица
Куманово, 7 февруари 2022 (МИА) - Заврши тендерот за избор на компанија која ќе го санира кровот на подрачното училиште „11 Октомври“ во кумановското село Речица. На јавниот повик објавен од општината за санација на покривот на училишната зграда се пријавиле десет компании, а избрана е фирмата „БФ-АДИС“ од липковското село Отља. За реконструкција, општината ќе одвои 1.180.000 денари со вклучен данок на додадена вредност. - Во подрачното училиште во село Речица настава следат триесетина ученици од кои две се комбинирани паралелки. Очекуваме навреме да почне санацијата и значајно да се подобри квалитетот на изведување на наставата, изјави директорката на училиштето, Елизабета Костадиновска Костиќ. Подрачното училиште на „11 Октомври“ во село Речица функционира од шеесеттите години од минатиот век. ам/ар/

Остани поврзан