Ќе се дезинфицираат улиците и јавните површини во Вевчани
- Јавното претпријатие „Еремија“ од Вевчани утре ќе врши дезинфекција на улиците, шеталиштата, урбаната опрема, контејнерите и корпите за отпадоци на подрачјето на општината.

Вевчани, 11 ноември 2020 (МИА) – Јавното претпријатие „Еремија“ од Вевчани утре ќе врши дезинфекција на улиците, шеталиштата, урбаната опрема, контејнерите и корпите за отпадоци на подрачјето на општината.
Дезинфекцијата, како што соопшти Општина Вевчани, ќе почне во 20 часот од Здравствен дом – Вевчани, потоа во основното училиште, детската градинка, центарот на Вевчани и улиците.
Општина Вевчани апелира до жителите да ги тргнат своите возила од јавните површини или да ги паркираат во игралиштето во центарот на Вевчани. сс/мс/