• сабота, 23 ноември 2024

Ќе го заштитиме стандардот на граѓаните и по завршување на есенската кошница, ветува Мицкоски

Ќе го заштитиме стандардот на граѓаните и по завршување на есенската кошница, ветува Мицкоски

Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски најавува дека институциите ќе ги искористат сите алатки за одбрана на стандардот на граѓаните во случај на енормно зголемување на цените на прехранбените производи по завршувањето на есенската потрошувачка кошница на 31. месецов.

- Очекувам заедно со коморите и со трговците и со производителите да не дојде до дивеење. Ако дојде до тоа жестоко ќе реагираме и ќе го браниме стандардот на граѓаните со се што имаме како алатка на располагање, изјави Мицкоски, на новинарско прашање пред учеството на Првата годишна конференција на Блумберг Адрија во Скопје.

Со одлука на Владата, за 73 прехранебни производи опфатени со есенската потрошувачка кошница бруто профитната маржа е ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало. Тие производи во марткетите се обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Владата најави дека мерката есенска потрошувачка кошница во наредниот период ќе се применува како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница со ограничено време на траење пред и за време на празниците кога вообичаено се зголемуваат цените на основните прехранбени производи, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.лв/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан